Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
31 октомври 2026
Ноќ на една сабласна планета
Kredit za sliku & autorska prava: Stéphane Vetter (Nuits sacrées)
Објаснување: За каква сабласна планета станува збор? Се разбира, за планетата Земја во една темна и бурна ноќ. Оваа сабласна глетка е фотографирана во Хверир, геотермално активна област сместена во вулканскиот пејзаж на североисточен Исланд. Поттикнати од сончевата активност, геомагнетните бури ослободија енергетски честички заробени во магнетното поле на Земјата. Навлегувајќи во горните слоеви на атмосферата на високи географски широчини, овие честички создаваат поларни светлости на ѕвезденото ноќно небо. Сабласни столбови од пареа и гас излегуваат од локалните фумароли и танцуваат пред позадината на морничавата, зеленикава поларна светлина. Во моментов, активноста на поларните светлости на Земјата е сè уште на високо ниво, бидејќи Сонцето се наоѓа само во раните фази на опаѓање од врвот на својот циклус на сончева активност. А наскоро, можеби и во ваша близина ќе заиграат вакви сабласни појави. Среќен Ноќ на вештерките!
Утрешната слика: Многу месечини
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин