Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01 новември 2026
Боите на Месечината
Kredit za sliku & autorska prava: Marcella Giulia Pace
Објаснување: Каква боја е Месечината? Тоа зависи од ноќта – и од времето. Надвор од Земјината атмосфера, темната Месечина, која свети благодарение на одбиената сончева светлина, изгледа како величествена сива боја со кафеавкасти нијанси. Прикажаната слика претставува збирка од различни изгледи на полната Месечина, забележани од еден астрофотограф во текот на 10 години, од различни локации низ Италија. Црвеникава или жолтеникава Месечина обично се гледа кога таа е блиску до хоризонтот. Таму, дел од сината светлина се расејува поради долгиот пат низ Земјината атмосфера, која понекогаш е исполнета со ситна прашина. Сина Месечина се гледа поретко и може да укажува на присуство на поголеми честички прашина во атмосферата. Не е сосема јасно што ја предизвикува појавата на виолетова Месечина – веројатно станува збор за комбинација од неколку ефекти. Последната слика го прикажува целосното затемнување на Месечината од јули 2018 година, кога Месечината, наоѓајќи се во сенката на Земјата, добила бледоцрвена боја – како резултат на прекршувањето на светлината низ воздухот околу Земјата. Дали некогаш сте виделе Месечина со необични бои?
Утрешната слика: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин