Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


02 новември 2026

Долг облак на Марс

Kredit za sliku & autorska prava: ESA, DLR, FU Berlin;
Processing & License: J. Cowart

Објаснување: Што го предизвикува овој необично долг облак на Марс? Познат како „Издолжен облак кај Арсија Монс“ (Arsia Mons Elongated Cloud – AMEC), а првпат забележан од сондата „Викинг орбитер 2“ на НАСА во 1977 година, овој необичен облак неодамна беше снимен со поголеми детали од роботското летало „Марс експрес“ на Европската вселенска агенција (ESA). Прикажаната слика е од 2018 година. Облакот се формира само за време на пролетните и летните сезони, и тоа исклучиво во утринските часови. Бидејќи е составен од воден мраз, вообичаениот процес на создавање кристали околу честички прашина не би можел да се одвива овде, поради разредената атмосфера и недостигот на прашина на големи височини на Марс. Според водечката претпоставка, прашината воопшто не е вклучена во овој процес. Откако ќе се формира во близина на вулканот Арсија Монс, ветерот го разнесува облакот, создавајќи опашка што може да се протега повеќе од 1500 километри. Истражувањата со цел подобро разбирање на овие облаци (AMEC) ќе продолжат; таквото разбирање би можело да придонесе за поцелосна слика за тоа како се формираат облаците на Земјата.

Утрешната слика: Поглед кон мачка




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy