Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
03 новември 2026
Кометата PanSTARRS и метеор во боите на виножитото
Kredit za sliku & autorska prava: Eddy Metais
Објаснување: Дали овој метеор потекнува од таа комета? Веројатно не. Иако многу метеори навистина потекнуваат од комети, илјадници комети неодамна го посетиле внатрешниот дел на Сончевиот систем, па поврзувањето на одредени метеори со нив може да биде сложена задача. И да појасниме, кометата прикажана на сликата се наоѓа далеку зад метеорот што остава трага. Кометата C/2025 R3 (PanSTARRS) е снимена од Отакам (Hautacam), Франција, во април, кога овој огромен вселенски „леден брег“ имаше впечатливи јонска (сина) опашка и опашка од прав. Карпести остатоци со големина на зрно песок, кои навлегуваат во атмосферата на Земјата, обично се појавуваат како метеори, додека шарената трага во преден план овде може да укажува на сложен хемиски состав. Овој месец, три значајни метеорски дождови ќе го достигнат својот врв. Во текот на следните неколку дена, Јужните Тауриди ќе го достигнат својот максимум, додека Северните Тауриди ќе го сторат тоа околу една недела подоцна. Двата роја потекнуваат од кометата 2P/Encke. Сепак, ноември е најпознат по метеорскиот дожд Леониди, кој потекнува од кометата 55P/Tempel-Tuttle и ќе го достигне својот врв за околу две недели.
Утрешната слика: Скриен скапоцен камен
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин