Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


31 март 2026

Најголемата месечина на Уран: Титанија

Kredit za sliku & autorska prava: NASA, Voyager 2; Processing & License: zelario12

Објаснување: Измачениот терен на Титанија е мешавина од кањони, карпи и кратери. Меѓупланетарното роботско летало на НАСА, Војаџер 2, помина покрај најголемата месечина на Уран во 1986 година и ја направи прикажаната слика. Тоа што рововите на Титанија наликуваат на оние на друга месечина на Уран, Ариел, укажува дека Титанија претрпела некаков насилен површински настан, можеби поврзан со замрзнување и ширење на водата во нејзиното далечно минато. Иако Титанија е најголемата месечина на Уран, нејзиниот радиус е само околу половина од радиусот на Тритон — најголемата месечина на сестринската планета на Уран, Нептун, која самата е малку помала од Месечината на Земјата. Титанија, откриена од Вилијам Хершел во 1787 година, во суштина е голема валкана ледена топка составена приближно од половина воден мраз и половина карпа. Постојат понови претпоставки дека радиоактивното загревање топи дел од подземниот мраз во океани.

Утрешната слика:: Отворен вселенски простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy