Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01 април 2026
Маглините Канџа и Меур
Kredit za sliku & autorska prava:
Richard Whitehead
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Што неочекувано гледаш кога ќе погледнеш кон ноќното небо? Денешната слика потсетува на апстрактно сликарство, со големи полиња од боја распрснати низ космичко платно без очигледен ред. И покрај таа апстрактна природа, човечкиот ум пронаоѓа обрасци, препознавајќи голема канџа што се протега кон лебдечки меур. Во овие навидум случајни структури всушност се присутни физички закони што го управуваат заемното дејство меѓу светлината и материјата. Маглините Канџа (Sh2-157) и Меур (NGC 7635) сјаат во бои прикажани како жолта и сина, што укажува на присуство на водород и кислород јонизирани од силното зрачење на ѕвезди повеќепати помасивни од Сонцето. Оваа слика го прикажува и хаосот и структурата на астрономските процеси, покажувајќи дека заедничката нишка меѓу уметноста и науката е — потрагата по неочекуваното.
Утрешната слика:: Закривување на простор-времето
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин