Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
31 мај 2026
Столбовите на Орловата Маглина во инфрацрвена светлина од Хабл
Kredit za sliku & autorska prava: a href="https://www.nasa.gov/">NASA, ESA, Hubble, HLA; Obrada: Luis Romero Ventura
Објаснување: Во Орловата Маглина се формираат новородени ѕвезди. Тие гравитациски се собираат во столбови од густ гас и прашина. Интензивното зрачење од овие новоформирани сјајни ѕвезди предизвикува околниот материјал постепено да се распрснува и исчезнува. Оваа снимка, направена со вселенскиот телескоп Хабл во блиска инфрацрвена светлина, му овозможува на набљудувачот да продре низ голем дел од густата прашина што во видливата светлина ги прави столбовите непроѕирни. Овие џиновски структури се долги повеќе светлосни години и неформално се познати како Столбови на Создавањето. Поврзана со отвореното ѕвездено јато M16, Орловата Маглина се наоѓа на околу 6.500 светлосни години оддалеченост. Таа претставува привлечна цел за малите телескопи во дел од небото богат со маглини, во насока на раздвоеното соѕвездие Serpens Cauda (Опашката на Змијата).
Утрешната слика:: Отворена вселена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин