Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01 juni 2026
Сатурн ноќе
Kredit za sliku & autorska prava: NASA, JPL-Caltech, Space Science Institute, Mindaugas Macijauskas
Објаснување: Телескопските погледи кон Сатурн и неговите прекрасни прстени често го прават главна ѕвезда на астрономските набљудувања. Но овој впечатлив поглед на прстените и ноќната страна на далечната гасовита џиновска планета едноставно не може да се види со телескопи од близината на Земјата. Гледано од внатрешниот дел на Сончевиот Систем, може да се набљудува само дневната страна на Сатурн. Всушност, оваа слика од тенкиот осветлен срп на Сатурн, со сенката на неговата ноќна страна која паѓа врз широкиот и сложен систем од прстени, е снимена од роботското вселенско летало „Касини“. По седумгодишно патување од Земјата, „Касини“ помина 13 години во орбита околу Сатурн (од 2004 до 2017 година), пред да биде насочено да навлезе во атмосферата на гасовитиот џин на 15 септември 2017 година. Овој величествен мозаик е составен од снимки направени со широкoаголната камера на „Касини“, само два дена пред неговото големо последно нурнување. И ноќта на Сатурн нема повторно да биде видена сè додека не пристигне ново вселенско летало од Земјата.
Утрешната слика:: Ѕвездени остатоци
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин