Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
31 јули 2026
Пиксели во вселената
Кредит за сликата & авторски права:
Alessandro Cipolat Bares
Објаснување: Маглината Dark Doodad лебди низ јужното небо и претставува привлечна цел за набљудување со двоглед во правец на малото соѕвездие Мувата (Musca). Овој меѓуѕвезден облак од прашина се истакнува на позадината од богати ѕвездени полиња, јужно од Маглината Coalsack и соѕвездието Јужен Крст. На ова телескопско поле, кое опфаќа околу 3 степени, во близина на нејзиниот јужен крај (горе десно) се наоѓа жолтеникавото збиено ѕвездено јато NGC 4372. Секако, NGC 4372 се движи низ халото на нашата галаксија Млечен Пат и претставува позадински објект, оддалечен околу 20.000 светлосни години. Тоа се наоѓа во истата насока како Dark Doodad само по случајност. Самата Dark Doodad, оддалечена околу 700 светлосни години и долга повеќе од 30 светлосни години, со својата јасно изразена силуета е дел од молекуларниот облак Musca, област во која потенцијално можат да се раѓаат нови ѕвезди. Нејзиното необично име, кое звучи особено впечатливо поради повторувањето на почетниот глас, првпат го употребил астрофотографот и автор Dennis di Cicco во 1986 година, додека ја набљудувал Халеевата Комета од австралиската пустина.
Утрешната слика:: Пиксели во вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин