Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


01 август 2026

Еленска Месечина и Појасот на Венера

Кредит за сликата & авторски права: Branko Nadj

Објаснување: Еленската Месечина е традиционално име за полната Месечина во јули. На оваа живописна глетка од Јадранското Море и небото, снимена на 28 јули од островот Крк, покрај брегот на Хрватска, полната Еленска Месечина штотуку се издига над далечните планини. Бидејќи полната Месечина изгрева во мигот кога Сонцето заоѓа, во самракот се издига и сенката на Земјата – широка, сивкаста лента што се протега над планинскиот југоисточен хоризонт. Над оваа сенка се наоѓа розевкастиот антисамрачен лак. Таа суптилно обоена лента, создадена од назадно расеана сончева светлина, е попозната како Појасот на Венера. Додека на источниот хоризонт се појавува заедно со атмосферската сенка на Земјата и Појасот на Венера, оваа полна Еленска Месечина како да го најавува доаѓањето на младата Месечина. На 12 август младата Месечина ќе ја фрли својата сенка врз планетата Земја, создавајќи долгоочекувано целосно затемнување на Сонцето.

Утрешната слика:: Оган и виножито




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy