Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


02 август 2026

Огнено виножито над Западна Вирџинија

Кредит за сликата & авторски права: Christa Harbig

Објаснување: Што се случува со овој облак? Ледените кристали во далечниот перест облак се однесуваат како мали призми што лебдат во воздухот. Поради својот изглед што потсетува на пламен, оваа појава неформално е позната како огнено виножито, а всушност претставува циркумхоризонтален лак што се појавува паралелно со хоризонтот. За да биде видлив циркумхоризонталниот лак, Сонцето мора да се наоѓа најмалку 58 степени над хоризонтот, а на небото треба да има перести облаци – во овој случај cirrus fibratus. Бројните рамни, шестаголни ледени кристали што го сочинуваат облакот мора да бидат поставени хоризонтално за сите на сличен начин да ја прекршуваат сончевата светлина. Токму затоа циркумхоризонталните лакови се релативно ретка глетка. Прикажаното огнено виножито е фотографирано во 2021 година, во близина на планината Норт Форк, во американската сојузна држава Западна Вирџинија.

Утрешната слика:: Маглина со неочекуван гостин




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy