Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
30 октомври 2026
Прогонуван од блесокот на Цефеј
Kredit za sliku & autorska prava: Mirko Tondinelli
Објаснување: Морничави облици како да го прогонуваат ова прашливо пространство, лебдејќи низ ноќта во кралското соѕвездие Цефеј. Секако, облиците се космички облаци од прашина видливи во слабо рефлектираната ѕвездена светлина. Далеку од вашето соседство, тие се кријат над рамнината на Млечниот Пат на работ на молекуларниот облачен комплекс на блесокот на Цефеј, оддалечен околу 1.200 светлосни години. Со пречник од над 2 светлосни години и посветла од повеќето други призрачни привиденија, vdB 141 или Sh2-136 е позната и како Маглина Дух. Се наоѓа во долниот десен агол во ѕвезденото видно поле. Внатре во Маглината Дух се наоѓаат црвеникави знаци на густи јадра што се уриваат во раните фази на формирање на ѕвезди. Со морничавата нијанса на меѓуѕвездена прашина што рефлектира синкава светлина од жешките млади ѕвезди на NGC 7023, маглината Ирис се издвојува наспроти темнината веднаш лево од центарот. Во широката телескопска рамка, овие плодни меѓуѕвездени полиња од прашина се протегаат речиси шест полни месечини низ небото.
Утрешната слика: Ноќ на морничава планета
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин