Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
30 март 2026
Необична елиптична галаксија Центаур А
Kredit za sliku & autorska prava: SADR Observatory Team: J-C Dalouzy, P. Bazart, M. Dherbécourt, C. Humbert, G. Leroy, J-P Quéau, H. Talbot, & E. Valin
Објаснување: Што се случило со центарот на оваа галаксија? Драматични ленти од прашина минуваат низ центарот на необичната елиптична галаксија Центаур А. Овие ленти се толку густи што речиси целосно го засенуваат центарот на галаксијата во видлива светлина. Ова е особено невообичаено бидејќи постарите ѕвезди и овалната форма на Цен А се карактеристични за џиновска елиптична галаксија — тип на галаксија кој обично има малку темна прашина. На оваа длабока снимка е прикажана сложена мрежа од гас и прашина во преден план, како и обвивки од слаби ѕвезди и млаз кој се протега кон горе десно. Позната и како NGC 5128, Цен А речиси сигурно е резултат на галактички судир при кој се формирале многу млади ѕвезди што создаваат прашина. Сепак, деталите за создавањето на нејзиниот необично активен центар и препознатливите централни ленти од прашина сè уште се истражуваат. Цен А се наоѓа на само 13 милиони светлосни години оддалеченост, што ја прави најблиската активна галаксија.
Утрешната слика:: Титанијански ровови
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин