Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
30 јули 2026
Црвено Сонце низ чад од шумски пожари
Кредит за сликата & авторски права:
Debra Ceravolo Text: Cecilia Chirenti
(NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Ова би можел да биде поглед од егзопланета што кружи околу црвено џуџе, но всушност го гледаме нашето Сонце. Оваа фотографија е направена на 22 јули 2026 година, во регионот Оканаган, во канадската покраина Британска Колумбија. Чадот од шумските пожари во северозападниот дел на Пацификот дејствувал како природен сончев филтер, овозможувајќи му на фотографот директно да го сними Сонцето. На оваа необична снимка се забележуваат и неколку сончеви дамки. Малку подолу и десно од центарот се наоѓа AR 4493 – огромен, брзо развивачки активен сончев регион со група сончеви дамки. Чадот се состои од ситни честички што ја блокираат и расејуваат светлината, особено синиот дел од спектарот, па светлината што стигнува до нас од Сонцето изгледа потемна и поцрвена од вообичаено (но никогаш не е безбедно да се гледа директно во Сонцето). Поради чадот, и изгрејсонцата и зајдисонцата добиваат поизразени бои. По околу 6 милијарди години, Сонцето навистина ќе почне да станува поцрвено, приближувајќи се кон фазата на црвен џин.
Утрешната слика:: Што следува?
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин