Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
30 јануари 2026
NGC 1333: Ѕвездена градинка во Персеј
Кредит за слика & авторски права: Robert Eder
Објаснување: NGC 1333 се гледа во видлива светлина како одразна маглина, во која доминираат синкави нијанси, карактеристични за ѕвездената светлина што се одбива од меѓуѕвездениот прав. Оддалечена само околу 1.000 светлосни години кон јуначкото соѕвездие Персеј, таа се наоѓа на работ од голем молекуларен облак во кој се раѓаат ѕвезди. Овој телескопски приближен приказ опфаќа површина поголема од две полни Месечини на небото, или нешто повеќе од 15 светлосни години на проценетото растојание на NGC 1333. Сликата ги прикажува деталите на правливиот регион, заедно со јасни навестувања на контрастни црвени емисии од објекти Хербиг–Харо, млазови и шокирани облаци од светлечки гас што потекнуваат од неодамна формирани ѕвезди. Всушност, NGC 1333 содржи стотици ѕвезди помлади од еден милион години, од кои повеќето сè уште се скриени од оптичките телескопи поради продорниот ѕвезден прав. Оваа хаотична средина можеби наликува на онаа во која се формирало нашето Сонце пред повеќе од 4,5 милијарди години.
Утрешната слика:: Летечки ден 13
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин