Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
31 јануари 2026
Artemis I: Ден 13 од летот
Кредит за слика & авторски права: NASA, Artemis I
Објаснување: На 13-иот ден од летот (28 ноември 2022) на мисијата Artemis I, вселенското летало Orion ја достигна својата најголема оддалеченост од Земјата. На повеќе од 430.000 километри од Земјата, неговата далечна ретроградна орбита го постави Orion и на околу 70.000 километри од Месечината. Во истото видно поле на овој видео-кадар од 13-иот ден од летот, планетата и нејзиниот голем природен сателит дури изгледаат приближно со иста привидна големина од перспектива на леталото. На 26-иот ден од летот (11 декември 2022), беспилотното вселенско летало слета во својот домашен свет, со што беше заокружена историската мисија Artemis I. Мисијата Artemis II, која ќе носи 4 астронаути околу Месечината и назад, ќе биде лансирана не порано од 8 февруари.
Утрешната слика:: Среќно лице
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин