Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
30 август 2026
M74: Спирална галаксија со грандиозен дизајн
Кредит за сликата & авторски права:
NASA, ESA, and the Hubble Heritage (STScI / AURA)-ESA / Hubble Collaboration
Zahvaljujemo se: R. Chandar (U. Toledo) & J. Miller (U. Michigan)
Објаснување: Ако не е највеличествената, оваа спирална галаксија е сигурно една од најфотогеничните. Островска вселена од околу 100 милијарди ѕвезди, оддалечена 32 милиони светлосни години кон соѕвездието Риби, M74 нуди прекрасен поглед речиси директно низ својата рамнина. Класифицирана како галаксија од типот Sc, M74 го прикажува грандиозниот дизајн на своите елегантни спирални краци, обележани со светло сини ѕвездени јата и темни ленти од космичка прашина. Оваа остра композитна слика, составена од архивски слики, доаѓа од вселенскиот телескоп Хабл. Се протега на околу 30.000 светлосни години низ површината на M74 и вклучува експозиции што ја доловуваат емисијата на водородни атоми, истакнувајќи го црвеникавиот сјај на огромните региони на галаксијата каде што се формираат ѕвезди.
Утрешната слика:: Лет низ затемнување
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин