Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
31 август 2026
Лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“
Кредит за сликата & авторски права: NASA
Објаснување: Во вселената е лансиран нов телескоп за проучување на универзумот. Вселенскиот телескоп „Ненси Грејс Роман“ (RST) има главно огледало со иста големина како она на вселенскиот телескоп „Хабл“ (HST), но при секоја снимка опфаќа 100 пати поголем дел од небото. Тоа е можно затоа што, во споредба со HST, главното огледало на RST е позакривено, секундарното огледало е поставено поблиску, а главната камера е поголема. Благодарение на тоа, RST ќе може многу побрзо да истражува поголеми области од небото. Меѓу другото, тоа веројатно ќе овозможи откривање на многу повеќе супернови, кои можат да ни кажат повеќе за брзината на ширење и составот на нашиот универзум, како и на многу повеќе планети што кружат околу други ѕвезди и можат да ни помогнат подобро да ги разбереме можностите за постоење живот на други места во вселената. Како и вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, RST ќе кружи околу Сонцето, а не околу Земјата. Прикажаното видео го покажува вчерашното лансирање на „Роман“ од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, САД, со ракетата Falcon Heavy на SpaceX.
Утрешната слика:: Лет за време на затемнување
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин