Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


30 април 2026

Бранови на Титан

Kredit za слику & autorska prava: Una Schneck
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: Дали некогаш сте помислиле на сурфање на вонземски свет? Сега потрагата по совршениот бран можеме да ја прошириме од Земјата кон остатокот од Сончевиот систем — и понатаму. Научниците развија нов модел за симулација на бранови на други планети. Титан е една од досега потврдените 274 месечини на Сатурн и единственото тело во Сончевиот систем (покрај Земјата) за кое се знае дека има течни езера и мориња на својата површина. Во прикажаното видео е покажана симулација на бранови на Земјата (десно) и на Титан (лево), под исти услови (ознаката за размер е во метри). Лесен ветерец би создавал повисоки и побавно движечки бранови на Титан отколку на Земјата, бидејќи тамошните езера се исполнети со лесни течни јаглеводороди, а и поради слабата гравитација и поголемиот атмосферски притисок на Титан. За неколку години, НАСА очекува да ја лансира мисијата Dragonfly, која ќе патува 6 години и ќе испрати роторно летало за да го истражува Титан и да ја проучува неговата можна микробна погодност за живот.

Утрешната слика:: Како бисери на низа




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy