Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01 мај 2026
Маркарјановиот синџир
Kredit za слику & autorska prava: Chuck Ayoub
Објаснување: Во близина на срцето на галактичкото јато Девица, низа галаксии позната како Маркарјанов синџир се протега низ ова телескопско видно поле. Во долниот десен дел од кадарот се истакнуваат впечатливите леќести галаксии M84 (долу) и M86, од кои можете да ја следите нежната закривеност на синџирот нагоре и кон левата страна. Близу центарот се наоѓа парот заемнодејствувачки галаксии NGC 4438 и NGC 4435, кои некои ги нарекуваат Маркарјанови очи. Јатото Девица, оддалечено околу 50 милиони светлосни години, е најблиското галактичко јато до нас. Со дури околу 2.000 членки, тоа има забележливо гравитациско влијание врз нашата Локална група галаксии. Во рамките на јатото Девица, најмалку седум галаксии од Маркарјановиот синџир изгледаат како да се движат усогласено, додека други можеби само случајно изгледаат како дел од овој синџир.
Утрешната слика:: Гледајќи го Титан
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин