Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


02 мај 2026

Гледајќи го Титан

Kredit za слику & autorska prava: VIMS Team, Univ. Arizona, U. Nantes, ESA, NASA

Објаснување: Обвиена со густа атмосфера, површината на Титан, најголемата месечина на Сатурн, е навистина многу тешка за набљудување. Малите честички што лебдат во горните слоеви на атмосферата создаваат речиси непробојна магла, силно расејувајќи ја светлината на видливи бранови должини и сокривајќи ги површинските детали од љубопитните погледи. Сепак, површината на Титан многу подобро се снима на инфрацрвени бранови должини, каде што расејувањето е послабо, а атмосферската апсорпција е намалена. Распоредени околу оваа слика на Титан во видлива светлина (во центарот) се некои од најјасните глобални инфрацрвени погледи на оваа привлечна месечина досега. Во лажни бои, шесте панели прикажуваат доследно обработени 13 години инфрацрвени податоци од Visual and Infrared Mapping Spectrometer (VIMS) на вселенското летало Cassini, кое орбитираше околу Сатурн од 2004 до 2017 година. Тие нудат впечатлива споредба со погледот на Cassini во видлива светлина. Револуционерната роторна мисија на NASA до површината на Титан треба да биде лансирана не порано од јули 2028 година.

Утрешната слика:: Патување меѓу ѕвездите




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy