Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
03 мај 2026
Столбови и млазови во Трифид
Kredit za слику & autorska prava: NASA, ESA, STScI; Обрада: J. DePasquale (STScI)
Објаснување: Прашливите столбови се како меѓуѕвездени планини. Тие опстојуваат затоа што се погусти од својата околина, но полека се разјадуваат од непријателска средина. На прикажаната слика од вселенскиот телескоп Хабл се гледа крајот на огромен столб од гас и прашина во маглината Трифид (M20), надополнет со помал столб што се издига нагоре и необичен млаз насочен кон горниот лев агол. Многу од светлите точки се новоформирани ѕвезди. Ѕвезда близу врвот на помалиот столб полека го губи својот насобран гас под влијание на зрачењето од многу посјајна ѕвезда сместена надвор од горниот дел на сликата. Млазот се протега речиси една светлосна година и не би бил видлив без надворешно осветлување. Како што гасот и прашината испаруваат од столбовите, скриениот ѕвезден извор на овој млаз веројатно ќе биде откриен, можеби во следните 20.000 години.
Утрешната слика:: Внатре во Земјата
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин