Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
04 мај 2026
Гигантски струења во внатрешноста на Земјата
Kredit & autorska prava: Sanne Cottaar via Wikimedia Commons
Објаснување: Зошто постојат огромни, необични маси во внатрешноста на Земјата? Никој не е сигурен. Следејќи како земјотресите одекнуваат низ внатрешноста на нашата планета, човештвото откри две длабоки структури кои изгледаат дека имаат необични температури и/или хемиски состави. Една хипотеза вели дека суперплумите се потонати остатоци од судирот што ја потресе Земјата и доведе до создавање на Месечината пред околу 4,5 милијарди години. Според друга хипотеза, тие се „гробишта“ на стари тектонски плочи кои полека се вовлекувале една под друга во текот на изминатите неколку милијарди години. Без разлика на нивното потекло, се смета дека суперплумите влијаат врз вулканизмот на површината на Земјата, можеби создавајќи, на пример, островски синџири како Хаваи. Познати и како области со ниска брзина на смикувачки бранови (LLSVPs), суперплумите на Земјата се прикажани во прикажаната анимација.
Утрешната слика:: Орионски вулкан
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин