Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
05 мај 2026
Орион изнад планине Тајде
Кредит за слику & ауторска права: Marcin Rosadziński
Објаснување: Орион ретко се гледа вака. За да се добие овој величествен призор, потребна е камера што може да снима долги експозиции, доволно за да се откријат слабите детали на ноќното небо. Меѓу впечатливите маглини се Орионовата Маглина, Пламената Маглина и Барнардовата Јамка. За контраст, помага и присуството на вулкан во преден план — во овој случај вулканот Теиде на островот Тенерифе, на Канарските Острови во Шпанија. Но, ако сакате Теиде да биде покриен со снег, потребен е и добар тајминг — бидејќи тоа обично се случува само неколку дена во годината. Добриот тајминг значи и да се почека Орион да се појави токму зад Теиде, што се случи кон крајот на минатата година, по зајдисонце. Прикажаната слика е резултат од серија фотографии направени последователно со истата камера од истата локација.
Утрешната слика:: Планети наназад
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин