Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06 мај 2026
Ретроградниот танц на Сатурн и Нептун
Kredit za sliku & autorska prava:
Tunç Tezel (TWAN)
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Што значи кога Сатурн и Нептун се во ретроградно движење? На прикажаната композиција од фотографии, снимени во текот на 34 ноќи од мај 2025 до февруари 2026 година, се следи движењето на Сатурн (посветол, во преден план) и Нептун (потемен, во позадина). Во тој период, двете планети покажувале ретроградно движење, односно изгледало како да се движат наназад по небото. Ова привидно обратно движење се случува кога Земјата ги престигнува побавните надворешни планети додека тие орбитираат околу Сонцето. Замислете го Сончевиот Систем како атлетска патека. Земјата „трча“ побрзо по внатрешната патека во споредба со надворешните планети. Додека Земјата им се приближува, се порамнува со нив и потоа ги „претрчува“, тие од перспектива на Земјата ја менуваат својата положба од пред неа кон зад неа. Токму оваа промена во перспективата предизвикува надворешните планети да ја менуваат својата положба на ноќното небо. Анимацијата што одговара на денешната слика го прикажува повеќемесечниот танц на Сатурн и Нептун низ северното ноќно небо. Сатурн преминал од соѕвездието Риби во Водолија и повторно назад, додека Нептун останал во Риби. Ова е најблиску што Сатурн и Нептун биле еден до друг на небото од нивната последна конјункција во 1989 година.
Утрешната слика:: Спирално кон супернова
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин