Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29 октомври 2026
Роговите на Венера
Kredit za sliku & autorska prava: Thierry Legault
Објаснување: Тоа не е Месечина. Но, би можело да ви се прости ако помислите дека на небото гледате српеста Месечина. Малку е познат фактот дека и Венера има свои фази. (А што е со другите планети?) На прикажаната слика, Венера се гледа речиси точно помеѓу Сонцето и Земјата. Ова се случува еднаш на секои година и пол и наликува на порамнувањето што се случува секој месец за време на млада Месечина. Но, додека младата Месечина е темна, атмосферата на Венера – осветлена од зад грб – ја прекршува и расејува сончевата светлина, создавајќи сјаен српест лак кој се протега на повеќе од 180 степени; краевите на овој лак се нарекуваат „рогови“. Овој срп може да се види со мал телескоп или двоглед за време на самракот, а оние со исклучително остар вид можеби ќе можат да го забележат и со голо око. Древните вавилонски астрономи можеби биле првите што ги проучувале промените во сјајноста на Венера, кои се поврзани со нејзините фази. Многу други култури имаат слични астрономски записи, вклучително и најстарата зачувана книга на Маите.
Утрешната слика: Што следи?
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин