Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29 март 2026
Порака од Земјата
Kredit za sliku & autorska prava:
Frank Drake et al., Arecibo Observatory;
License: Arne Nordmann (Wikimedia)
Објаснување: Што се обидуваат овие Земјани да ни кажат? Прикажаната порака беше емитувана од Земјата кон збиеното ѕвездено јато M13 во 1974 година. За време на свеченото одбележување на надградба на Arecibo Observatory – тогаш најголемиот единечен радиотелескоп во светот – беше испратена низа од 1 и 0 што го претставува дијаграмот. Овој обид за вонземска комуникација беше главно симболичен – човештвото и онака редовно ненамерно емитува радио и телевизиски сигнали во вселената. Дури и ако оваа порака беше примена, M13 е толку далеку што би требало да чекаме речиси 50.000 години за да добиеме одговор. Прикажаната порака дава неколку едноставни факти за човештвото и неговото знаење: од лево кон десно се броевите од еден до десет, атоми вклучувајќи водород и јаглерод, некои интересни молекули, ДНК, човек со опис, основи на нашиот Сончев систем и основи на испраќачкиот телескоп. Неколку потраги по вонземска интелигенција се во тек.
Утрешната слика:: Океанска галаксија
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин