Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29 juni 2026
M82: Галаксија со супергалактички ветер
Кредит за сликата & авторски права: NASA, ESA, CSA, A. Smercina (STScI, Tufts), T. Williams (U. Manchester); Image Processing: A. Pagan (STScI)
Објаснување: Зошто од Галаксијата Пура излегува црвен чад? M82, како што е позната и оваа галаксија со интензивно создавање ѕвезди, била вознемирена при неодамнешното минување покрај големата спирална галаксија M81. Но, тоа само по себе не го објаснува потеклото на црвено светлечкиот гас и прашина што се шират нанадвор. Доказите покажуваат дека овој гас и прашина се исфрлаат под дејство на здружените честични ветрови од голем број ѕвезди, кои заедно создаваат галактички суперветер. Се смета дека честичките прашина потекнуваат од меѓуѕвездениот медиум на M82 и по својата големина навистина се слични на честичките во чадот од пура. Прикажаниот фотографски мозаик ги комбинира снимките направени во видлива светлина со вселенскиот телескоп Hubble и снимките во инфрацрвена светлина со вселенскиот телескоп James Webb. На него светлата централна галаксија се гледа речиси од работ, протегајќи се низ средината на сликата, додека огромни портокалови и црвени нишки од гас и прашина се издигнуваат и над и под неа. Овие нишки се протегаат на повеќе од 10.000 светлосни години. Оддалечена околу 12 милиони светлосни години, Галаксијата Пура е најсјајната галаксија на небото во инфрацрвената светлина, а во видлива светлина може да се набљудува и со мал телескоп во насока на соѕвездието Голема Мечка (Ursa Major).
Утрешната слика:: Мазен астероид
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин