Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
30 јули2026
Необично мазни области на астероидот Итокава
Кредит за сликата & авторски права: JAXA, ISAS
Објаснување: Зошто делови од површината на овој астероид се толку мазни? Одговорот најверојатно лежи во динамиката на астероид кој не е цврста карпа, туку лабав куп од камења и карпест материјал. Необичниот астероид Итокава беше посетен од јапонското вселенско летало Hayabusa во 2005 година, кое го сними и документираше неговиот необичен облик и мистериозниот недостаток на кратери. Анализите на граничните области меѓу мазните и грубите делови покажуваат дека постојаното поместување на астероидот може да предизвикува раздвојување на поголемите и помалите карпи во близина на површината, слично на таканаречениот ефект на бразилскиот орев. Роботското летало Hayabusa навистина слета на една од мазните области, наречена Море MUSES, и собра примероци од почвата. Тие примероци беа вратени на Земјата и денес не само што ни откриваат детали за древната историја на овој необичен астероид, туку и за најраните периоди од развојот на целиот наш Сончев Систем. Компјутерските симулации покажуваат дека астероидот Итокава, со пречник од околу 500 метри, би можел да удри во Земјата во текот на следните неколку милиони години.
Утрешната слика:: Отворена вселена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин