Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29 јануари 2026
NGC 2442: Галаксија во Воланс
Кредит за слика & авторски права: Mike Selby
Објаснување: Изобличената галаксија NGC 2442 се наоѓа во јужното соѕвездие на летачката риба, Volans. Сместена на оддалеченост од околу 50 милиони светлосни години, нејзините две спирални раце што се протегаат од изразена централна пречка ѝ даваат кукаст облик на оваа длабока и шарена слика, со ѕвезди во предниот план распрснати низ телескопското видно поле. Сликата исто така ги открива темните правливи ленти, младите сини ѕвездени јата и црвенкастите области на формирање ѕвезди што го опкружуваат јадрото со жолтеникава светлина од постарата популација ѕвезди. Но, областите на формирање ѕвезди изгледа се поконцентрирани долж издолжената (горна десна) спирална рака. Изобличената структура најверојатно е резултат на древна блиска средба со помала галаксија што се наоѓа надвор од кадарот, горе лево. Ова телескопско видно поле се протега на повеќе од 200.000 светлосни години на проценетата оддалеченост до NGC 2442.
Утрешната слика:: Ѕвезден прав
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин