Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
28 март 2026
Роберт Годард и Нел
Kredit za sliku & autorska prava: Esther Goddard, from the Clark University archive
Објаснување: Роберт Х. Годард, кој се смета за татко на модерната ракетна техника, е роден во Вустер, Масачусетс во 1882 година. Како 16-годишник, Годард го прочитал научнофантастичниот класик „Војна на световите“ од H. G. Wells и почнал да сонува за лет во вселената. До 1926 година тој веќе ја дизајнирал, изградил и лансирал првата ракета со течно гориво во светот. Лансирана пред 100 години, на 16 март 1926 година од фармата на неговата тетка Ефи во Обурн, Масачусетс, ракетата наречена „Нел“ достигнала височина од 41 стапка во лет што траел околу 2 и пол секунди. На оваа позирана фотографија, Годард стои покрај ракетата висока 10 стапки, држејќи ја рамката на лансирната конструкција. За да се постигне стабилен лет без потреба од стабилизатори, тешкиот мотор на ракетата бил поставен на врвот, снабдуван преку цевки од резервоари со течен кислород и бензин на дното. Широко признат како надарен експериментатор и инженерски гениј, неговите ракети биле многу години пред своето време. Годард добил повеќе од 200 патенти во ракетната технологија, повеќето од нив по неговата смрт во 1945 година. Ракета со течно гориво, изградена врз принципите развиени од Годард, ги однесе луѓето на Месечината во 1969 година.
Утрешната слика:: Порака од Земјата
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин