Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


28 јануари 2026

M78: Сино одразување во море од црвено

Кредит за слика & авторски права: Daniel McCauley

Објаснување: Во огромниот комплекс на Молекуларниот Облак во Орион, особено се истакнуваат неколку светли сини маглини. На прикажаната слика, во центарот, се наоѓаат две од најизразените одразни маглини – облаци од прашина осветлени од одразената светлина на светли вградени ѕвезди. Попознатата маглина е M78, во самиот центар на сликата, каталогизирана пред повеќе од 200 години. Малку погоре лево се наоѓа помалку познатата NGC 2071. Астрономите и понатаму ги проучуваат овие одразни маглини за подобро да разберат како се формираат ѕвездите во нивната внатрешност. Вкупниот црвен сјај потекнува од дифузен водороден гас што покрива голем дел од комплексот на Орион, кој се протега низ значаен дел од соѕвездието Орион. Во близина, во поширокиот комплекс оддалечен околу 1.500 светлосни години, се наоѓаат Маглината Орион, Маглината Коњска Глава и Барнардовата Јамка — делумно видлива овде како бел појас во горниот лев дел.

Утрешната слика:: Отворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy