Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
28 август 2026
Небото се врти над Паранал
Кредит за сликата & авторски права: Copyright: Osvaldo Castillo
Објаснување: На географската широчина на опсерваторијата Паранал на ESO во Чиле, околу 25 степени јужно, Земјината ротација ја придвижува површината на планетата кон исток со брзина поголема од 1.500 километри на час. Иако тоа е побрзо од брзината на звукот на ниво на морето, движењето не може да се почувствува. Сепак, тоа може да се открие преку привидното вртење на ноќното небо со фотографирање на ѕвездените траги. Оваа слика на ѕвездени траги е составена од дигитално сложување на 300 последователни експозиции од по 25 секунди, направени со камера прицврстена на статив, за да се забележат лаковите на ѕвездените траги. Елегантните лакови се концентрични и се распоредени околу јужниот небесен пол, односно продолжението на Земјината оска на ротација во вселената на јужната хемисфера. Еден од активните помошни телескопи на опсерваторијата со пречник од 1,8 метри, AT 3, се гледа под јужниот небесен пол, слабо осветлен во преден план на оваа внимателно осмислена сцена од една ротирачка планета.
Утрешната слика:: Пиксели во вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин