Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


29 август 2026

Двојка затемнувања

Кредит за сликата & авторски права: Gwenaël Blanck

Објаснување: Затемнувањата често се појавуваат во парови. Двапати годишно, за време на сезона на затемнувања што трае околу 34 дена, Сонцето, Месечината и Земјата можат речиси да се порамнат. Тогаш младата и полната Месечина, раздвоени за нешто повеќе од 14 дена, создаваат едно сончево и едно лунарно затемнување. Но, многу ретко порамнувањето и при младата и при полната Месечина во рамките на една иста сезона е доволно прецизно за да се добие пар составен и од целосно сончево и од целосно лунарно затемнување. Многу почесто, делумните затемнувања се дел од една сезона на затемнувања. Последната сезона на затемнувања во 2026 година, сепак, го донесе токму овој пар, раздвоен со две недели: целосно сончево затемнување на 12 август (горе) и речиси целосно лунарно затемнување во ноќта меѓу 27 и 28 август. За време на младата Месечина, сончевото затемнување било снимено во Пењафиел, Шпанија, близу почетокот на целосната фаза. Оваа HDR-композитна слика открива блесок од Бејлиевите зрнца и златна сончева корона. При следната полна Месечина, длабокото делумно лунарно затемнување било снимено од Севр, Франција. И ова е HDR-композит, а снимката го прикажува затемнувањето поблиску до половина од неговата максимална фаза од 93 проценти, така што околу половина од видливиот диск на Месечината изгледа затемнет и зацрвенет во умбралната сенка на Земјата. Следната сезона на затемнувања ќе донесе прстенесто сончево затемнување на 6 февруари 2027 година, во пар со пенумбрално лунарно затемнување во ноќта меѓу 20 и 21 февруари.

Утрешната слика:: Голем дизајн




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy