Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


27 септември 2026

Андромеда пред Фотошоп

Кредит за сликата & авторски права: Kees Scherer

Објаснување: Како навистина изгледа галаксијата Андромеда? Прикажаната слика покажува како всушност изгледа најблискиот голем галактички сосед на нашиот Млечен Пат во долга експозиција низ зафатеното небо на Земјата и со дигитална камера што воведува нормални несовршености. Сликата е збир од 223 слики, секоја со експозиција од 300 секунди, направени од градинарска опсерваторија во Португалија во текот на 2019 година. Очигледните недостатоци на сликата вклучуваат светли паралелни траги од авиони, долги и континуирани траги од сателити, кратки ленти од космички зраци и лоши пиксели. Овие несовршености всушност не беа отстранети конкретно со Фотошоп, туку беа значително намалени со серија компјутерски софтверски пакети што вклучуваа Astro Pixel Processor, DeepSkyStacker и PixInsight. Целата оваа работа не беше направена за да ве излаже со дигитална фантазија што има малку врска со реалната сличност на галаксијата Андромеда (M31), туку за да се минимизираат копнените артефакти што немаат никаква врска со далечната галаксија и со тоа подобро да се рекреира како навистина изгледа M31.

Утрешната слика:: Космичко движење




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy