Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


28 септември 2026

Космичко млеко: Просечната боја на универзумот

Кредит за сликата & авторски права: Karl Glazebrook & Ivan Baldry (JHU)

Објаснување: Која е бојата на универзумот? Попрецизно кажано, кога би се измешала светлината од целото небо, каква боја би имала конечната мешавина? Ова интересно прашање се појави при обидот да се утврди кои ѕвезди се најчести во блиските галаксии. Одговорот, прикажан овде, е нијанса на беж боја. Во компјутерски термини: #FFF8E7. За да го утврдат ова, астрономите пресметале просек од светлината што ја емитуваат галаксиите во еден од поголемите анализирани примероци: 200.000-те галаксии од истражувањето „2dF Galaxy Redshift Survey“. Добиениот космички спектар содржи емисија во сите делови на електромагнетниот спектар, но резултира со една единствена, перципирана сложена боја. Оваа боја станала значително помалку сина во текот на изминатите 10 милијарди години, што укажува на тоа дека поцрвените ѕвезди стануваат сè позастапени. Во натпреварот за избор на подобро име за оваа боја, меѓу позначајните предлози се најдоа спој на зборовите небо и слонова коска, универзум и беж и победникот: космичко млеко.

Утрешната слика:: Небесен вител




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy