Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
27 март 2026
Хиксон 44 во Лав
Kredit za sliku & autorska prava: Peter Kennett
Објаснување: Пребарувајќи го небото во потрага по галаксии, канадскиот астроном Пол Хиксон и неговите колеги идентификувале околу 100 компактни групи галаксии, кои денес со право се нарекуваат Хиксонови компактни групи. Четирите истакнати галаксии видливи на оваа впечатлива телескопска сцена претставуваат една таква група – Hickson 44. Групата галаксии Hickson 44 се наоѓа на околу 100 милиони светлосни години оддалеченост, далеку зад предните ѕвезди на Млечниот Пат, во правец на северното пролетно соѕвездие Лав. Двете спирални галаксии во центарот на сликата се гледани од страна: NGC 3190, со препознатливи извиткани прашливи ленти, и S-обликуваната NGC 3187. Заедно со светлата елиптична галаксија NGC 3193 (лево), тие се познати и како Arp 316. Спиралната галаксија во долниот десен агол е NGC 3185, четвртиот член на Хиксоновата група. Како и другите галаксии во вакви групи, и овие покажуваат знаци на деформација и засилено создавање на ѕвезди – доказ за гравитациско „влечење“ што на крај ќе доведе до спојување на галаксиите во космички размери. Процесот на спојување денес се смета за нормален дел од еволуцијата на галаксиите, вклучувајќи го и нашиот Млечен Пат. За размер, NGC 3190 има пречник од околу 75.000 светлосни години на проценетата далечина на Hickson 44.
Утрешната слика:: Достигнување екстремни височини
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин