Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
27 јануари 2026
Орионови богатства над снежни планини
Кредит за слика & авторски права: Włodzimierz Bubak; Text: Ogetay Kayali (MTU)
Објаснување: Издигнувајќи се над замрзната долина во Татрите, познатите ѕвезди и маглини на Орион доминираат во овој широк ноќен пејзаж. Прикажаната длабока фотографија е направена минатиот месец во највисокиот планински венец во јужна Полска, каде што темното небо и алпскиот терен заедно ја откриваат и суровата убавина на Земјата и структурата на нашата галаксија. Над снежните планини, светлите ѕвезди од Појасот на Орион го закотвуваат регионот со сјајни меѓуѕвездени облаци. Големата Орионова Маглина, огромна расадник на ѕвезди видлива дури и со голо око, свети близу центарот на сцената. Околу неа се протега огромниот лак на Барнардовата јамка — бледа обвивка од јонизиран водороден гас што опфаќа голем дел од соѕвездието. Лево, кружната Розетна Маглина нежно свети, додека десно сивкастата Маглина Вештерска Глава лебди, осветлена од блиската ѕвездена светлина. Кон горниот дел, портокаловиот суперџин Бетелгејзе го означува рамото на ловецот.
Утрешната слика:: Орион во одраз
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин