Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
27 февруари 2026
Šarpless 249 и Медуза маглина
Кредит за слика & авторски права: Katelyn Beecroft
Објаснување: Обично слаба и тешко воочлива, Медуза маглината е фатена во ова привлечно телескопско видно поле. Лебдејќи во меѓуѕвезденото море, маглината е „закотвена“ десно и лево од двете светли ѕвезди Му и Ета Близнаци, кај „нозете“ на небесните Близнаци. Самата Медуза маглина се наоѓа малку десно од центарот и се гледа како посветол закривен гребен од емисија со висечки пипци. Всушност, оваа космичка медуза е дел од меурестата обвивка на остатокот од супернова IC 443 — проширувачки облак од остатоци на масивна ѕвезда што експлодирала. Светлината од експлозијата првпат стигнала до Земјата пред повеќе од 30.000 години. Како и нејзиниот „роднина“ во астрофизичките води, остатокот од супернова Рак, и Медуза маглината е позната по тоа што во себе крие неутронска ѕвезда — ултрагуст остаток од колабираното ѕвездено јадро. Емисиона маглина заведена како Sharpless 249 го исполнува полето горе лево. Медуза маглината се наоѓа на околу 5.000 светлински години од нас. На таа далечина, оваа слика би опфаќала простор широк околу 300 светлински години.
Утрешната слика:: Лесен викенд
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин