Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


28 февруари 2026

Лунарна окултација на Меркур

Кредит за слика & авторски права: Fabrizio Melandri

Објаснување: Љубителите на западното небо по зајдисонце во последно време уживаат во извонредната низа светли планети овој месец. Набљудувано од некои места, на 18 февруари планетата Меркур дури се појави како да се лизга зад Месечината — настан познат како лунарна окултација. Овие две снимки, направени во раните вечерни часови, прикажуваат телескопски погледи пред и по реткото исчезнување на највнатрешната планета зад младиот Месец. На горната слика светлиот Меркур едвај се гледа на северниот (десен) раб од месечевиот диск осветлен од земјината светлина. На долната слика светлата планета повторно се појавува на потемното небо, надвор од сончево осветлениот срп на Месечината. Гледано јужно од Салисо, Оклахома, планета Земја, оваа лунарна окултација на Меркур траела само околу 3 минути (видео). Но и вечерва можете да ја следите парадата на планетите.

Утрешната слика:: Темна Месечина




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy