Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


27 август 2026

Шарена аурора над исландскиот водопад

Кредит за сликата & авторски права: Victor Lima
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: Каква глетка, кога ноќното небо се исполни со бои што изгледаа како да врнеа над водопадот Скогафос во Исланд. Оваа слика е направена со една експозиција од 5 секунди од фотографот во април 2025 година. Гледањето аурора е на списокот со желби на многу луѓе. Но, тоа не е лесно. Потребна е висока сончева активност, темно и ведро небо и обично локација за гледање на голема географска ширина. Тоа ги прави северните светла полесно видливи од соодветните јужни светла, едноставно затоа што има помалку копнена маса на јужната хемисфера, особено околу Антарктичкиот круг. Аурорите се предизвикани од наелектризирани честички од сончевиот ветер што се заробени од магнетосферата на Земјата и водени од магнетното поле до регион близу до еден од половите, каде што се судираат со честички од гас во атмосферата. Различните бои означуваат интеракции со различни гасови на различни височини, како кислород (црвен и зелен) и азот (син и розов).

Утрешната слика:: Што е следно?




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy