Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


27 април 2026

Кометата R3 PanSTARRS зад трагите на сателитите

Kredit za слику & autorska prava: Uli Fehr

Објаснување: Можете ли да ја пронајдете кометата? Некаде низ оваа мрежа од траги на сателити се наоѓа кометата C/2025 R3 (PanSTARRS), светол посетител што минува низ внатрешниот Сончев Систем. Самите сателити во орбитата изгледаат како линии само поради долгата експозиција на камерата, која во овој случај траела повеќе од 10 минути. Спротивно на тоа, за човечкото око сателитите изгледаат како точки што полека се движат низ ноќното небо и сјаат од одбиената сончева светлина — најчесто веднаш по зајдисонце и пред изгрејсонце. Прикажаната фотографија е направена непосредно пред изгрејсонце пред две недели од Баварија, Германија. Во моментов, кометата R3 PanSTARRS тешко се забележува и од уште една причина — затоа што е аголно многу блиску до Сонцето. Додека кометата го обиколува Сонцето, најдобро ќе може да се набљудува во следните недели од небото на јужната хемисфера, иако тогаш веќе ќе се движи кон меѓуѕвездениот простор и постепено ќе слабее. Ако сè уште не сте ја пронашле кометата, не очајувајте; погледнете повнимателно малку над центарот на сликата.

Утрешната слика:: Kометарни планини




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy