Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


28 април 2026

CG 30: Кометарни глобули

Kredit za слику & autorska prava: Marcelo Salemme

Објаснување: Тие изгледаат како планински врвови, но всушност создаваат ѕвезди. Светло обрабени, издолжени форми се собираат близу центарот на ова богато ѕвездено поле, кон границите на јужните соѕвездија Puppis и Vela. Составени од меѓуѕвезден гас и прашина, оваа група кометарни глобули со големина од повеќе светлосни години се наоѓа на околу 1300 светлосни години оддалеченост. Енергичната ултравиолетова светлина од блиските жешки ѕвезди ги обликувала глобулите и ги јонизирала нивните светли рабови. Глобулите исто така се движат наназад од остатокот на суперновата Vela, што можеби придонело за нивниот зафрлен изглед. Во нив, јадрата од студен гас и прашина најверојатно колабираат за да формираат ѕвезди со мала маса, чие создавање на крајот ќе предизвика распрснување на самите глобули. Всушност, кометарниот глобул CG 30 (горе десно во групата) има мал црвенкаст сјај во својата „глава“ — јасен знак за енергични млазови од ѕвезда во рана фаза на формирање.

Утрешната слика:: Отворена вселена




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy