Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
26 октомври 2026
M42: Големата маглина во Орион
Кредит за сликата & авторски права: Roberto Palaia
Објаснување: Големата маглина во Орион, огромен регион во близина каде што се раѓаат ѕвезди, е една од најпознатите астрономски маглини. Овде, вжештен гас ги опкружува жешките млади ѕвезди на работ од огромен меѓуѕвезден молекуларен облак, оддалечен само 1500 светлосни години. На прикажаната слика, направена со долга експозиција и во вештачки бои кои ја истакнуваат емисијата од водород, особено се забележливи прамените и слоевите од прав и гас. Големата маглина во Орион може да се види со голо око во близина на лесно препознатливиот појас од три ѕвезди во популарното соѕвездие Орион. Покрај тоа што го содржи сјајното расеано ѕвездено јато познато како „Трапез“, маглината Орион вклучува и многу „расадници“ за ѕвезди. Овие расадници содржат големи количества водороден гас, жешки млади ѕвезди, протопланетарни дискови (проплиди) и ѕвездени млазови кои исфрлаат материјал со големи брзини. Маглината Орион, позната и како M42, се протега на околу 40 светлосни години и се наоѓа во истиот спирален крак на нашата Галаксија во кој се наоѓа и Сонцето.
Утрешната слика: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин