Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
27 октомври 2026
Ноктилуцентни облаци над Шведска
Кредит за сликата & авторски права: V. Höfer, D. Večerník & B. Večerníková
Објаснување: Понекогаш на земјата е ноќ, но во воздухот е ден. Како што Земјата ротира и го закрива Сонцето, зајдисонцето се издига од земјата нагоре. Затоа, кога на земјата настапува зајдисонце, сончевата светлина сè уште ги осветлува облаците високо горе. Во вообичаени околности, може да се види прекрасен зајдисонце, но необичните ноктилуцентни облаци лебдат толку високо што можат да се видат долго откако ќе се стемни. Иако обично се премногу бледи за да се забележат, тие можат да станат видливи веднаш по зајдисонцето во текот на летото, кога се осветлени од сончевите зраци што доаѓаат од под хоризонтот. Ноктилуцентните облаци се највисоките облаци, а технички се познати како поларни мезосферски облаци. На сликата, која прикажува состојба од почетокот на август, се гледа мрежа од сини ноктилуцентни облаци на далечното небо над зелена тревна површина во близина на Линшепинг, Шведска, додека дрвјата се оцртуваат како јасни силуети долж хоризонтот. Голем дел од сознанијата за ноктилуцентните облаци се стекнати дури во последните две децении, а начинот на кој тие настануваат и се развиваат сè уште е предмет на активни истражувања.
Утрешната слика: Во круг и круг
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин