Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
26 јануари 2026
NGC 55: Галаксија од маглини
Кредит за слика & авторски права: Wolfgang Promper; Text: Ogetay Kayali (MTU)
Објаснување: Може ли да се видат маглини во други галаксии? Да — некои маглини светат доволно силно, ако знаете како да ги набљудувате. Облаците од водород и кислород емитуваат светлина во многу специфични бои, а со нивно издвојување астрономите и астрофотографите можат да откријат структури кои инаку би биле премногу слаби за да се забележат. Оваа длабока експозиција од 50 часа го истакнува светлечкиот водород (црвено) и кислород (сини нијанси) низ галаксијата NGC 55, набљудувана речиси од работ. Позната и како „Галаксијата Низа од бисери“, NGC 55 често се споредува со сателитската галаксија на нашиот Млечен Пат — Големиот Магеланов Облак (LMC), иако NGC 55 се наоѓа многу подалеку, на околу 6,5 милиони светлосни години. Добиената слика открива расфрлани емисиони маглини во и понекогаш над правливиот диск на галаксијата, нудејќи детален поглед кон далечните региони каде што се раѓаат ѕвезди.
Утрешната слика:: Богатствата на Орион
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин