Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


26 февруари 2026

Веб и Хабл: IC 5332

Кредит за слика & авторски права: ESA/Webb, NASA, CSA, J. Lee and the PHANGS-JWST and PHANGS-HST Teams
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: Како изгледа универзумот низ инфрацрвени „очила“? Нашите очи можат да ја видат само видливата светлина, но астрономите сакаат да видат повеќе. Денешниот APOD ја прикажува спиралната галаксија IC 5332 како што ја гледаат два телескопа на NASA: Webb во средно-инфрацрвена светлина и Hubble во ултравиолетова и видлива светлина. За да се префрлите меѓу двата вселенски погледа, само поместете го курсорот преку сликата (или следете го овој линк). Сликата од Hubble ги истакнува спиралните краци на галаксијата, раздвоени со темни подрачја, додека сликата од Webb открива пофина и посложена структура. Меѓуѕвездената прашина ја расејува и апсорбира светлината од ѕвездите во галаксијата, создавајќи темни прашливи ленти на сликата од Hubble, а потоа емитува топлина во инфрацрвена светлина, па затоа прашината свети на оваа слика од Webb. Инструментот Mid-InfraRed Instrument на Webb мора да работи на исклучително ниска температура од -266ºC (или -447ºF), инаку би детектирал инфрацрвено зрачење од самиот телескоп. Со комбинирање на овие набљудувања, астрономите ја поврзуваат „малата скала“ на гас и ѕвезди со навистина големата скала на галактичката структура и еволуција.

Утрешната слика:: Без’рбетници во вселената




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy