Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
26 април 2026
Уништување на мистичното планинско чудовиште
Kredit za слику & autorska prava: a href="https://hla.stsci.edu/">Hubble, NASA, ESA; Processing & License: Judy Schmidt
Објаснување: Во внатрешноста на главата на ова меѓуѕвездено чудовиште се наоѓа ѕвезда што полека го уништува. Огромното чудовиште, кое всушност претставува нежива низа од столбови од гас и прашина, се протега на должина од повеќе светлосни години. Ѕвездата во неговата глава не е директно видлива низ непроѕирната меѓуѕвездена прашина, но делумно пробива нанадвор исфрлајќи спротивно насочени млазови од енергетски честички познати како Хербиг-Харо млазови. Сместени на околу 7.500 светлосни години оддалеченост во маглината Карина и неформално познати како Мистична Планина, изгледот на овие столбови е доминиран од темна прашина иако тие главно се составени од проѕирен водороден гас. Прикажаната слика е снимена со вселенскиот телескоп Хабл. Насекаде низ овие столбови, енергетската светлина и ветровите од масивни новоформирани ѕвезди ги испаруваат и распрснуваат прашливите ѕвездени расадници во кои тие настанале. Во рок од неколку милиони години, главата на овој џин, како и поголемиот дел од неговото тело, целосно ќе испари под влијание на внатрешните и околните ѕвезди.
Утрешната слика:: Изгубена комета
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин