Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


25 октомври 2026

Темна материја во симулирана вселена

Кредит за сликата & авторски права: Tom Abel & Ralf Kaehler (KIPAC , SLAC), AMNH

Објаснување: Дали нашата вселена е „опседната“? Така може да изгледа на оваа карта на темна материја. Гравитацијата на невидливата темна материја е главното објаснување за тоа зошто галаксиите ротираат толку брзо, зошто галаксиите кружат околу јатата со голема брзина, зошто гравитациските леќи толку силно ја отклонуваат светлината и како е распоредена видливата материја. Прикажаната слика, преземена од „Темна вселена“ (Dark Universe) – вселенско шоу во планетариумот „Хејден“ при Американскиот музеј за природна историја – илустрира како сеприсутната темна материја би можела да ја „опседнува“ нашата вселена. Во овој кадар од детална компјутерска симулација, сложени нишки од темна материја (прикажани во црна боја) се протегаат низ вселената како пајажина, додека релативно ретките натрупувања на познатата, барионска материја се обоени во портокалово. Овие симулации добро се совпаѓаат, од статистички аспект, со астрономските набљудувања. И, што е можеби уште позастрашувачки, темната материја – иако прилично чудна и во непозната форма – веќе не се смета за најнеобичниот извор на гравитација во вселената. Таа „титула“ сега ѝ припаѓа на темната енергија – порамномерно распореден извор на одбивна гравитација, која, како што се чини, денес доминира во ширењето на целата вселена.

Утрешната слика:: Големиот Орион




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy