Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
25 мај 2026
Текеревите глобули
Kredit za sliku & autorska prava: John Hayes
Објаснување: Што се овие необични вселенски грутки? Сместени меѓу богати ѕвездени полиња и сјаен водороден гас, овие непроѕирни облаци од меѓуѕвездена прашина и гас се толку големи што можеби можат да создаваат ѕвезди. Нивниот дом е познат како IC 2944, светло ѕвездено родилиште оддалечено околу 7.600 светлосни години во насока на соѕвездието Кентаур (Centaurus). Најголемата од овие темни глобули, првпат забележана од A. D. Thackeray во 1950 година со телескоп во Јужна Африка, најверојатно претставува два одделни, но преклопени облаци, секој поширок од една светлосна година. Заедно со други податоци, прикажаната слика во Хаблова палета од опсерваторијата El Sauce во Чиле укажува дека Текеревите глобули се распарчуваат и вртложат под влијание на силно ултравиолетово зрачење од млади, жешки ѕвезди кои веќе ја енергизираат и загреваат светлата емисиона маглина. Овие и слични темни глобули, за кои е познато дека се поврзани со други области на создавање ѕвезди, можеби на крајот целосно ќе исчезнат во својата сурова околина — како космички грутки путер во жешка тава.
Утрешната слика:: Pазлични галаксии
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин